
Голема бура неодамна предизвика сознанието дека од Роберт Левандовски во првата сезона кога дојде во Барселона се барало да не постигнува голем број голови.
Причината беше фактот дека клубот од Каталонија би морал да исплати голем бонус на неговиот поранешен клуб Баерн, ако Полјакот ги пречекори одредените погодоци. За Барса, која има големи финансиски проблеми, тоа би бил дополнителен трошок.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сега на оваа тема се изјасни и прочуениот полски напаѓач. Тој не ја потврди јасно, но изгледа дека приказната е вистинита.
„Постојат некои работи за кои не сакам да зборувам, бидејќи ја почитувам Барселона и сите луѓе таму. Бев свесен во каква состојба е клубот и понекогаш мораш да направиш нешто за доброто на сите“, рече Левандовски.
Одличниот напаѓач истакна дека нему парите не му биле приоритет.
„На крајот на краиштата тоа беше само бонус, а Барса мораше да внимава на секој евро. Тоа не е мала работа. Мене тоа не ми значеше многу. Сепак, на теренот постојано си поставував прашање дали треба да постигнам гол или не“, заклучи Левандовски.
.• Дали е вистина дека Барселона ве замоли да престанете да постигнувате голови за да не исплати бонус на Бајерн Минхен?
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) December 26, 2025
🚨🗣️ 𝗡𝗘𝗪: Левандовски: “Постојат некои работи за кои не сакам да зборувам. Ја почитувам ФК Барселона и сите кои работат таму.”
“Јас бев свесен за клубот… pic.twitter.com/PddTMRtU4F