
Со настанот „Најдобрите во лига системот на Македонската таеквондо федерација“, вчера беа прогласени најдобрите во земјава во еден од најтрофејните спортови.
Првото место во Лига системот го освои Бутел, а по него застанаа Корио и Феникс кик. Филип Блажевски доби признание за најголемиот успех во олимписко таеквондо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Со особена чест можеме да констатираме дека македонското таеквондо, покрај тоа што е најуспешен спорт во државата, претставува и прв индивидуален спорт кој воспоставува вистински систем што гарантира континуитет, развој и постигнување на врвни спортски резултати. Овој систем значи силни клубови, образувани тренери, мотивирани спортисти, фер и професионални судии и организирани натпреварувачки структури кои создаваат шампиони.
Убедени сме дека оваа манифестација ќе прерасне во силна традиција која ќе продолжи да ги мотивира нашите спортисти, тренери, клубови и сите кои се дел од нашето таеквондо семејство. Нашата мисија продолжува, да создаваме шампиони, да градиме карактери и да ја претставуваме Македонија на најдостоинствен можен начин“, објавија од Таекводно федерацијата.

Добитници на признанијата на денешната манифестација беа:
I МЕСТО ВО ЛИГА СИСТЕМОТ НА МТФ ВО 2025 ГОДИНА – Таеквондо клуб „Бутел“
Најголем спортски успех во олимписко таеквондо во 2025 година – Филип Блажевски
Најдобар тренер во лига системот на мтф во 2025 година – Викторија Спасовска
Најдобро организиран турнир во лига системот на МТФ во 2025 година – Таеквондо клуб Корио
Најдобар судија во лига системот на МТФ во 2025 – Ирена Гроздановска
Особен придонес во лига системот 2025:
– Андреј Василевски
– Ведрана Тунеска
– Христијан Симоновски
– Ненад Ќелевски
– Душица Бреслиева
– Мартина Наумовска