Дома Ракомет Бундеслигаш испратил понуда за најдобриот ракометар на Вардар!

Бундеслигаш испратил понуда за најдобриот ракометар на Вардар!

Дмитро Хориха и во втората сезона по ред се наметнува како еден од клучните ракометари во редовите на Вардар. Украинскиот бек, кој неодамна се стекна и со македонско државјанство, влегува во завршната фаза од договорот со актуелниот лидер во Суперлигата, а иднината му е сè уште неизвесна.

Раководството на „црвено-црните“ уште пред еден месец седна на преговарачка маса со 28-годишниот ракометар и во еден период се чинеше дека продолжувањето на соработката е речиси договорено. Сепак, ситуацијата се промени откако во трката за неговиот потпис се вклучија неколку звучни европски клубови.

Германскиот специјализиран портал „Rthandballgermany“ објави дека Хориха е на радарот на Фуксе Берлин и дека бундеслигашот веќе испратил понуда за едногодишен договор, на која се очекува одговор од страна на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Миленковска од седмерец го реши дербито: Вардар со пресврт до 30:29

Вардар надомести три гола негатива на паузата и славеше против Ѓорче Петров МРК. Миленковс…