Дома Фудбал Челси се вклучува во битката за Семењо

Челси се вклучува во битката за Семењо

Челси остварил контакт со Борнемут за Антоан Семењо. Лондонскиот клуб ги прашал при кои услови можат да го ангажираат за време на јануарскиот трансфер период, тврди “Атлетик”. Плановите на клубот беа да ангажираат нов напаѓач во летниот период, но тие би можеле да се променат затоа што битката за Семењо е сериозна.

Интерес за ганскиот репрезентативец има од Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Тотенхем се распрашуваше за него минатото лето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Борнемут го оценува Семењо на 70 милиони фунти, но во неговиот договор има специфична клаузула. Според неа, тој може да замине за 65 милиони во зима. Клаузулата треба да се активира на точен датум, кој ќе даде можност на “црешите” да му најдат замена. Семењо игра одлично од почетокот на сезоната и има 8 голови и 3 асистенции во 16 натпревари од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква атмосфера нема ниту во Прва лига – третолигашкото дерби меѓу Ударник и Победа Валандово го гледаа над 1.000 луѓе! (Видео)

Фудбалските стадиони во Македонија не можат да се пофалат со голема посетеност, реткост е …