Дома Фудбал Астон Вила му врати на навивачот на Јунајтед кој чека пет победи за фризура

Астон Вила му врати на навивачот на Јунајтед кој чека пет победи за фризура

АСТОН ВИЛА со победата од 2:1 против Манчестер Јунајтед го продолжи својот импресивен победнички поход, а по натпреварот не ја пропуштија приликата да се пошегуваат на сметка на познатиот навивач на Црвените ѓаволи. Станува збор за Френк Илет, попознат како „The United Strand“, кој се заколна дека нема да се потстриже додека неговиот клуб не врзе пет победи. Со неделниот пораз на Јунајтед, неговото чекање продолжува, пишува Goal.

Сезоната на Јунајтед полна со пресврти

Екипата на Рубен Аморим ја започна сезоната разочарувачки, со слаби игри и рана елиминација од Карабао купот од четвртолигашот Гримсби Таун. Краток блесок на добра форма се случи во октомври 2025 година, со три победи по ред над Сандерленд, Ливерпул и Брајтон, но по репрезентативната пауза во ноември, Јунајтед извојува само две победи во последните шест натпревари.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


На Вила Парк, домаќините го отворија резултатот преку Морган Роџерс, но Матеус Куња брзо израмни за гостите. Сепак, Роџерс со вториот гол набргу по почетокот на второто полувреме донесе клучна победа за тимот на Унаи Емери.

Оваа победа беше десетта по ред за Астон Вила во сите натпреварувања, со што го намалија заостанувањето зад лидерот Арсенал на само три бода. По натпреварот, на својот профил на социјалната мрежа X објавија: “10 ПОБЕДИ ВО НИЗААААААААА”. Наскоро следеше и дополнение со кое се пошегуваа на сметка на несреќниот навивач на Јунајтед: “Тој навивач на Јунајтед можел веќе два пати да се потстриже.”

Иллет ја донесе оваа одлука уште во октомври 2024 година, по именувањето на Аморим за тренер, а оттогаш косата му порасна во препознатлива афро фризура. Најблиску до стрижење беше во ноември 2025 година по трите споменати победи, но серијата беше прекината со нерешениот резултат против Нотингем Форест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Гоце Седлоски нов селектор на Македонија!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе …