Дома Фудбал Драма во Мадрид: Еве како навивачите на Реал го исвиркаа Винисиус (Видео)

Драма во Мадрид: Еве како навивачите на Реал го исвиркаа Винисиус (Видео)

Бразилската ѕвезда од редовите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, беше исвиркан од своите навивачи на Сантјаго Бернабеу за време на натпреварот против Севиља, додека излегуваше од игра. Тој играше до 83. минута како капитен на Реал, а беше заменет од напаѓачот Гонзало Гарсија. Објавено е видео на кое се слуша како навивачите на Реал го исвиркуваат својот капитен.

Лут поради свирежите што ги слушна кога ја напушти играта, Бразилецот веднаш по завршувањето на натпреварот Реал Мадрид – Севиља (2:0) ја промени профилната слика на Инстаграм. Само десетина минути по последниот свиреж на судијата, уште од соблекувалната, ја отстрани фотографијата на која го држи дресот на Реал и ја замени со слика од натпревар во дресот на бразилската репрезентација. Ѕвездата на Реал го напушти теренот во 83. минута со свирежи, но и со по некој аплауз од дел од навивачите, што јасно ја покажа поделбата меѓу публиката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ќерката на легендарниот фудбалер е вистинска „бомба: На 19 години веќе заработува богатство!

Ќерката на славниот италијански фудбалер Франческо Тоти сè повеќе го привлекува вниманието…