
Винисиус Жуниор повторно предизвика контроверзии поради измената. Овојпат не пред очите на Бернабеу, како за време на Ел Класико, туку пред очите на своите 57 милиони следбеници на Инстаграм. Лут поради свирежите кои ги слушна при неговото излегување од игра, Бразилецот брзо по завршетокот на натпреварот Реал Мадрид – Севиља (2:0) ја промени профилната слика на Инстаграм, пишува Марка во текст со наслов “Караница на Винисиус пред очите на 75 милиони следбеници.”
Само десетина минути по последниот судиски свиреж, уште од соблекувалната, го отстрани фотографијата на која го држи дресот на Реал и ја замени со фотографија од натпреварот во дресот на бразилската репрезентација. Ѕвездата на Реал го напушти теренот во 83-та минута со свирежи, но и со аплауз од дел од навивачите, што јасно ја покажа поделеноста меѓу публиката.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Неговиот брз потег на социјалните мрежи дополнително ги разбуни тензиите во односите со навивачите на Бернабеу. Покрај тоа, објави и две фотографии од натпреварот против Севиља пропратени со три точки. Интересно, го промени профилната слика толку брзо што во неговите Инстаграм приказни, додека ги споделуваше фотографиите, сè уште се гледаше старата слика со дресот на Реал.