Дома Фудбал БиХ ги објави кандидатите за селектор: Помеѓу нив еден Македонец и една голема фудбалска легенда

БиХ ги објави кандидатите за селектор: Помеѓу нив еден Македонец и една голема фудбалска легенда

Фудбалскиот сојуз на Босна денес ја објави листата на кандидати за наследник на Мехмед Баждаревиќ, на листата се најдоа осум имиња, а помеѓу нив имаше и едно големо име на европскиот фудбал, но и еден Македонец

„Разговаравме во текот на денот и веќе ги имаме имињата на потенцијалните кандидати. Нашите кандидати се следните: Марсел Колер, (поранешен селектор на Австрија), Владимир Вајс (селектор на Грузија), Винко Мариновиќ, Бошко Ѓуровски, Матијаж Кек, Роберт Порсинечки и Кларенс Сидроф. Нашата комисија ќе стапи во во контакт со секој од кандидатите, па потоа ќе видиме што ќе се случи“, откри Ковачевиќ за босанските медиуми.

Во текот на вчерашниот ден во Зеница беше одржана седница на која не беше донесена одлука за новиот селектор, а наредната е закажана за почетокот на декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…