Дома Фудбал Барселона подготвува план за египетскиот фудбалски талент кој го споредуваат со Салах

Барселона подготвува план за египетскиот фудбалски талент кој го споредуваат со Салах

Екипата на Барселона продолжува да биде активна во потрагата по нови фудбалски таленти ширум светот. Овојпат вниманието го насочиле кон Египет и младиот 17-годишен напаѓач кој веќе привлекува големо внимание.

Од претходно е познато дека клубот работи на трансферот на Хамза Абдулкарим, талентирано напаѓачко момче од египетскиот гигант Ал Ахли, со идеја да го вклучат во Барса Атлетик за почеток.

Младиот центарфор ги остави скаутите на Барселона без здив со своите игри, а клубот е подготвен да делува веќе во јануари.

Планот на Барселона е кристално јасен – Абдулкарим прво ќе ги засили резервите, а со време и развој ќе добие можност да настапува и за првиот тим.

Според извештаите од Египет, кои ги пренесува Mundo Deportivo, Барселона веќе упатила прва официјална понуда до Ал Ахли.

Понудата на каталонците се состои од модел на позајмување со можност за откуп.

Конкретно, клубот предлага шестмесечен период на позајмица без финансиска компензација, до јуни, со опција за купување во вредност од 4 милиони евра.

Овие средства би биле распределени така што милион евра ќе биде фиксна сума, додека останатите три милиони ќе бидат поврзани со бонуси и учинокот на играчот.

Како што веќе претходно беше објавено, Абдулкарим во јануари би пристигнал во Барса Атлетик, каде моментално има недостиг од класични напаѓачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета го плати „скапо“, а сега му е преку глава: Веќе преговара со четири клуба!

Ситуацијата која последниве недели се развива на Емирејтс очигледно воопшто не му се допаѓ…