Менаџерот на Лестер, Клод Пуел им потврди на новинарите дека ќе даде се од себе за да го доведе Хатим Бен Арфа во својот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој француски тренер е најзаслужен за „воскреснувањето“ на Бен Арфа бидејќи токму тој го донесе во Ница во сезонтаа 2015/16.
Бен Арфа буквално „експлодираше“ под водство на Пуел во Ница, па дури и заработи повик за француската репрезентација, а потоа следеше трансфер во Пари Сент Жермен.
Французинот се најде во немилост на тренерот Унаи Емери и воопшто не доби шанса на „Паркот на принцовите“, па јасно е дека во јануари ќе го напушти клубот.
Во моментов Лестер е фаворит за неговиот потпис, а тоа за Бен Арфа ќе значи и враќање во Премиер лигата, каде претходно го носеше дресот на Њукасл.