Дома Останати Тенис Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експерти почнаа да размислуваат на наметната тема – кој би можел да биде новиот шеф на стручниот штаб на повеќекратниот освојувач на Гренд слемови.

Најголемо внимание привлече коментарот на Бред Гилберт, поранешен тренер на Коко Гоф, кој лицитираше со две имиња, а двете потенцијални замени се поранешни шпански тенисери. Станува збор за Карлос Моја и Давид Ферер.

Моја осум години соработуваше со Рафаел Надал, сè до конечната одлука на „бикот од Мајорка“ да се пензионира.

Од друга страна, Ферер веќе подолго време е селектор на репрезентацијата на Шпанија во Дејвис купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…