
Секоја од 48-те репрезентации кои учествуваат на Светското првенство ќе добие најмалку 8,8 милиони евра, вклучувајќи награди за пласман и трошоци за подготовки, од вкупниот награден фонд што е зголемен за 50 проценти.
ФИФА ќе распределува околу 620 милиони евра на 48-те репрезентации кои ќе учествуваат на Светското првенство во фудбал 2026 година, чии домаќини се САД, Мексико и Канада. Ова претставува зголемување од 50 проценти во споредба со претходното првенство, а секоја нација ќе добие најмалку девет милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од вкупниот износ, 558 милиони евра ќе бидат распределени како награди, одлучи Советот на ФИФА, кој се состана во Доха, каде денес се игра финалето на Интерконтиненталниот куп.
Светскиот првак ќе добие 42,5 милиони евра, а тимот што ќе биде поразен во финалето 28 милиони. Во натпреварот за третото место, победникот ќе заработи 25 милиони евра, додека четвртопласираниот тим ќе добие околу 23 милиони. Ниту една репрезентација нема да остане со празни раце на овој турнир. Состанокот на ФИФА одреди дека репрезентациите кои ќе се пласираат од петтото до осмото место ќе добијат 16 милиони евра, три милиони повеќе од екипите кои ќе се најдат од деветтото до шеснаесетото места.
Меѓу 17-то и 32-то место, секоја репрезентација ќе добие 9,5 милиони евра, а на крајот, државите пласирани меѓу 33-то и 48-то место ќе добијат 7,5 милиони евра. Со оглед на тоа што Светското првенство ќе се одржи во три различни земји, што подразбира бројни патувања и различни логистички предизвици, ФИФА исто така одлучи сите 48 тима што ќе учествуваат на овој најголем спортски настан досега да добијат 1,3 милиони евра за покривање на трошоците за подготовки.