
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е без тренер, бидејќи ја заврши плодната соработка со Хуан Карлос Фереро.
Иако има само 22 години, Алкараз веќе освои 24 титули и во 2025 година осум пати го подигна победничкиот пехар, сепак одлучи да ја заврши соработката со Фереро.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
“Многу ми е тешко да го напишам ова. По повеќе од седум години заедно, Фереро и јас решивме да ја прекинеме нашата соработка како тренер и играч. Ви благодарам што ги претворивте моите соништа во реалност. Започнавме овој пат кога бев само дете и сето ова време ме водевте низ неверојатна авантура, како на теренот така и надвор од него. Навистина уживав во секој момент со вас.
Доаѓаме до врвот и сметам дека, ако нашите спортски патишта треба да се разделат, тогаш тоа е сега, од местото на кое секогаш сме стремеле да стигнеме,” изјави Алкараз.
Под водство на Фереро, Алкараз освои шест Гренд Слем титули, а засега не е јасно кој ќе биде новиот тренер на шпанскиот тенисер.