
Директорот на Вардар, Миленко Неделковски, стави крај на сите дилеми околу тренерската иднина на Гоце Седлоски, потврдувајќи дека искусниот стратег ќе остане на клупата на „црвено-црните“ не само до крајот на актуелната сезона, туку и за време на летните европски настапи.
Неделковски нагласи дека евентуалното назначување на Седлоски за селектор на македонската репрезентација нема да влијае врз неговиот статус во Вардар. Како што истакна, клубот нема никакви пречки тој истовремено да ја извршува и селекторската функција.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Гоце Седлоски ќе го води Вардар во пролетниот дел од сезоната, како и на европските натпревари. Тоа е јасно и непроменето. Дали ќе биде селектор или не, не зависи од мене, но од страна на Вардар нема проблем да биде и селектор и тренер“, изјави Неделковски.
Седлоски се врати на клупата на Вардар кон крајот на 2024 година, започнувајќи го својот втор ангажман во клубот, откако претходно успешно го водеше тимот во периодот од 2015 до 2017 година.