Пријателските натпревари на репрезентацијата на Англија во текот на неделава можеби и не беа возбудливи, но Герет Саутгејт изгледаше како човек со план и изгледа дека одбра 10 од 11 фудбалери во стартниот состав за Светското првенство.
Англичаните 180 минути не постигнаа гол, не креираа многу шанси, но изгледаа организирано и играа во систем, што секако е нешто што претходно не беше случај. Саутејт се префрли на системот 3-5-2 за пријателските натпревари и полека започна да го креира својот тим за Светското првенство во Русија 2018.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Гордиот Албион“ беше без најдобрите играчи Хари Кејн и Деле Али поради повреда. Но, извештаите велат дека Саутгејт сепак одбрал 10 од 11 првотимци за лето. Лалана штотуку се опорави од повредата и доколке биде здрав сленото лето, ќе го сочинува средниот ред заедно со Хендерсон, а единствената дилема е кој ќе му прави друштво. За местото ќе се борат Хари Винкс и Рубен Лофтус-Чик.
Дали ова е тим кој на Англичаните конечно ќе им донесе добар резултат на едно натпреварување?