
Фудбалската федерација на Македонија активно работи на изборот на нов селектор по заминувањето на Благоја Милевски, а за текот на процесот накратко информираше претседателот Масар Омерагиќ преку социјалните мрежи.
Тој откри дека заедно со најтесниот круг соработници имале работна средба посветена на дефинирање на профилот што треба да го има следниот предводник на националниот тим.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок. Споделивме размислувања за профилот на македонски тренер кој ќе внесе стабилност, јасна идеја и континиутет во најдобрата селекција. Предлогот ќе биде доставен до У.О. на ФФМ најдоцна до 25 декември“, напиша Масар Омерагиќ на социјалните мрежи.
Во јавноста веќе се наметнуваат две имиња како најсериозни кандидати – актуелниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски, и поранешниот селектор Игор Ангеловски, кој во моментов работи на Кипар како тренер на Етникос Ахна.