Дома Фудбал Англија Лоши вести за таборот на „Топчиите“: Дали се гледа крајот на една одлична кариера?!

Лоши вести за таборот на „Топчиите“: Дали се гледа крајот на една одлична кариера?!

На Арсенал не му оди најдобро без Санти Казорла.

Шпанскиот играч за врска се повреди изминатата сезона, додека екипата на Венгер беше солидна и конкурентна, но по неговата повреда се тргна во надолна линија.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во прашање е ахиловата пета, а Венгер истакна дека одамна не видел полоша повреда.

„Ова е најлоша повреда за која знам. Одеше од лошо полошо. Знам колку Санти сака да игра фудбалер, знам да биде тука секојдневно и многу ми е жал поради него“, истакна Венгер и додаде:

„Го видов пред еден месец, му реков да се подготви што е можно подобро. Се надевам дека ќе се врати. Навистина се надевам. Ајде да не кажеме дека неговата кариера е готова, се надевам дека тоа е погрешно“, истакна Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал во Англија: Поранешниот европски шампион му забрани влез на Невил на својот стадион

Легендарниот англиски фудбалер Гери Невил се соочи со неочекуван проблем, бидејќи му беше …