Дома Фудбал Челси веќе го најде наследникот на Мареска!

Челси веќе го најде наследникот на Мареска!

Изгледа дека Челси наскоро ќе го замени Енцо Мареска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанецот од кога дојде постигна добри резултати, освои два меѓународни трофеи и го врати тимот во Лигата на шампионите.

Сепак, проблем за Италијанецот се меѓучовечките односи, а најмногу му се префрла како го користи Кол Палмер.

Како што пренесуваат извори во Англија, Челси веќе ја има одбрано замената и тоа е Германецот Оливер Гласнер, тренерот на Кристал Палас.

Тие напоменуваат дека челниците на Челси му советувале на Гласнер да не потпишува нов договор со Палас. Иницијалниот план е да се направи промената на крајот на сезоната, но следната анализа ќе се прави во февруари, и доколку резултатите се лоши нема да се двоумат да го сменат Мареска и порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…