Дома Фудбал Милан тргнува по ѕвездата на Сити

Милан тргнува по ѕвездата на Сити

Според англиските медиуми, Бернардо Силва решил да ја напушти екипата на Манчестер Сити по завршувањето на сезоната.

Минатото лето Барселона имаше голема желба да го доведе Португалецот, но финансиските пречки не го дозволија трансферот.

Силва влезе во последната година од договорот и најверојатно на лето ќе ја промени средината како слободен агент.

Сега во трката за неговиот потпис влегува Милан, кој веќе имал средба со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш.

Милан сака да го донесе играчот на Сити без обештетување, а и Португалецот е отворен за ваков трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трофеј за Алими во драматичен расплет: Далиан првпат на врвот во Кина

Исник Алими ја освои кинеската титула со Далиан Јингбо по пресврт во последното коло. Побе…