Дома Останати Кошарка Готово: Поранешен тренер на Барселона ќе го води Партизан!

Готово: Поранешен тренер на Барселона ќе го води Партизан!

Кошаркарскиот клуб Партизан конечно доби нов треньор. Шпанецот Жоан Пенароја ќе ги предводи црно-белите.

По заминувањето на Жељко Обрадовиќ од клупата на Партизан, ретко кој покажа интерес да го преземе водството на белградскиот клуб. Во јавноста се спомнуваа многу имиња, особено Пабло Ласо и Андреа Тринкиери, но на крај договор со овие тренери не беше постигнат.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, еден искусен стратег се согласи да дојде во Белград. Станува збор за 56-годишниот Жоан Пенароја.

До неодамна тренер на Барселона, каде му беше даден отказ на почетокот од ноември, Пенароја се согласи да го прифати предизвикот со Партизан и наскоро се очекува официјално назначување.

Пенароја изгради репутација како тренер со работењето во Андори, каде беше од 2010 до 2018 година. Под негово водство, тимот стигна до високи нивоа на шпанската кошарка, па дури и до Еврокупот.

Кариерата ја продолжи во Бургос, Валенсија и Басконија, додека минатата сезона ја мина во Барселона каде доби отказ по лошиот старт на сезоната.

Двапати со Бургос го освои првенството во Лигата на шампионите, што се сметаат за неговите најголеми успех во тренерската кариера. Иако не е на нивото на познатите тренерски имиња кои Партизан ги посакуваше, ќе видиме како ќе се снајде во Белград

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ понекогаш е како од друга планета: Погледнете го потегот со кој ги остави коментаторите без зборови (Видео)

“Никола Јокиќ понекогаш делува како од друга димензија”, стоеше како опис на в…