Дома Фудбал Агентот на Салах го откри планот на Ливерпул, одлуката е веќе донесена!

Агентот на Салах го откри планот на Ливерпул, одлуката е веќе донесена!

Египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах (33) ќе си замине од Ливерпул во јануари, иако некои навивачи на „Црвените“ се надеваа дека несогласувањата со Арне Слот ќе се решат со заминувањето на тренерот. Ова го пренесуваат англиските медиуми.

“Ливерпул решија да го продадат Салах во јануари. И покрај тоа што официјално се соопштуваше дека клубот сака да го задржи за да избегне тензии, извори откриваат дека највисокото раководство го променило ставот и донело одлука Салах да биде продаден. Слот едвај добива збор, додека спортскиот директор и неколку од клучните играчи ја изработија оваа стратегија. Ќе го продадат кога ќе стигне соодветната понуда и веднаш ќе ја активираат клаузулата за откуп на Антоан Семенија како негова замена. Менаџерот на Салах откри дека планот на Ливерпул е зад негов грб да го продадат во Саудиска Арабија, што го разлути египетскиот ас,” открива indykaila News и додава:

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Салах е отворен за повеќе опции, вклучувајќи Барселона, Реал Мадрид и Бајерн, но најпривлечна може да биде понудата од Саудиска Арабија. Слот е информиран дека неговата позиција е под закана и дека резултатите мора итно да се подобрат. Ако Реал реши да го отпушти Чаби Алонзо во следните недели, Ливерпул би го поканиле веднаш да дојде на Енфилд. Веднаш.”

Потсетуваме, Салах беше резервен играч во последните три натпревари на Ливерпул, а по средбата со Лидс изјави дека односот со Слот е нарушен и дека се чувствува како клубот да го оставил на цедило.

Оваа сезона, Салах има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања, при што постигнал пет гола и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус постави две сериозни имиња за следната сезона

Јувентус се стреми да го зајакне средниот ред пред почетокот на следната сезона. “Га…