Дома Фудбал Moжен спектакл на Мундијалот: Познато како и кога може да видиме битка на Роналдо и Меси!

Moжен спектакл на Мундијалот: Познато како и кога може да видиме битка на Роналдо и Меси!

Како што е познато, вчера се одржа жрепката за Светското првенство 2026 година, а една од поинтересните можни средби би можела да биде дуелот помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Доколку Аргентина и Португалија бидат први во своите групи, имаат можност да се сретнат во четвртфиналето, на 11 јули во Канзас.

Да се потсетиме, во групата Ј со Аргентина се и Алжир, Австрија и Јордан, што ги прави сегашните светски шампиони јасни фаворити, како и Португалија во групата К, каде што се натпреваруваат уште Узбекистан, Колумбија и победникот на плеј-оф натпреварите (Нова Каледонија – Јамајка, а победникот игра со ДР Конго за место на СП).

Инаку, за разлика од Кристијано Роналдо, кој не стави на прашање своето учество на Светското првенство, Лионел Меси сè уште не е сигурен дали ќе биде дел од тимот. Тој повеќепати истакнал дека летото е далеку и дека ќе разгледа како ќе се чувствува, бидејќи во јуни ќе наполни 39 години.

Да потсетиме, Светското првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јули до 19 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …