Дома Фудбал Кристијано Роналдо станува директен ривал на ЧатГПТ!

Кристијано Роналдо станува директен ривал на ЧатГПТ!

Кристијано Роналдо ги осигура своите потомци, бидејќи е најплатениот спортист на светот. Освен огромната плата од 280 милиони евра за 2025 година, Роналдо заработува и од спонзорства, својот бренд CR7, влегувањето во хотелската индустрија и сопствените музеи. Сега, тој одлучи да вложи и во вештачката интелигенција.

Роналдо стана сопственик на дел од акциите на “Perplexity”, приватна американска компанија која функционира како пребарувач заснован на вештачка интелигенција.

“Љубопитноста е предуслов за величина. Победата доаѓа кога секојдневно поставуваш нови прашања.

Затоа сум горд што можам да го најавам моето инвестирање во Perplexity. Perplexity ја поттикнува љубопитноста во светот и заедно ќе инспирираме сите да поставуваат амбициозни прашања”, напиша Роналдо.

Perplexity е во слична индустрија како и познатиот ChatGPT, нудејќи алтернатива на оние што бараат нешто различно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ќе го продаде Енцо на Сити, но само под овие услови!

Челзи е подготвен да му го продаде на Манчестер Сити одличниот аргентински играч од средни…