Дома Фудбал Шпанците ја исмејуваат „Златната топка“ поради Мбапе: Овој човек е седми во изборот! (Видео)

Шпанците ја исмејуваат „Златната топка“ поради Мбапе: Овој човек е седми во изборот! (Видео)

Францускиот напаѓач Килиан Мбапе (26) вчера вечерта го спаси Реал Мадрид со брилијантна изведба против Билбао, а весникот Марка во својот коментар на натпреварот истакнува дека токму тој со голманот Тибо Куртоа ги одржува кралевите на врвот на табелата, иако тимот не изгледа убедливо.

“Што се однесува до Mбапе, денес десетката, поради тие маркетиншки причини, тимот ужива во најдобриот период на кариерата на Мбапе. Тој му одддлжи почит на Р9 со една од акциите кои Бразилецот ги патентираше пред да страдаат неговите колена. Кики е извонреден, чекори по својот пат меѓу ненаситната желба на Кристијано и контролираната сила на митот со триаголна шишка. Неспорно најдобар играч во светот, но, запомнете, седми во изборот за Златната топка. Хахаха!”

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Да се потсетиме, Реал поради три последователни киксови и само три бода против екипи од долниот дел на табелата го предаде првото место на Барселона.

Затоа мораше вчера вечерта да се извлече на најтешкото гостување во Шпанија, но генијалниот Мбапе ги олади 50.000 Баскијци на преполниот Сан Мамес постигнувајќи два гола, додека еден беше асистиран на Камавинга.

Францускиот напаѓач така по 20 натпревари оваа сезона има веќе 25 гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во новата година добива нов дрес, но и нов главен спонзор! (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија со кратко видео на социјалните мрежи го најави најнов…