Дома Фудбал Во Италија вчера соиграч на Елма го изведе најсилниот пенал во историјата! (Видео)

Во Италија вчера соиграч на Елма го изведе најсилниот пенал во историјата! (Видео)

Фудбалерите на Наполи, со повеќе проблеми од очекуваното, се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, совладувајќи го Каљари на домашен терен со вкупни 10:9 по долго и драматично изведување на пенали, а јунак на мечот беше српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ.

Наполи го отвори резултатот во 28. минута преку Лука, додека Еспозито во 67. минута го израмни резултатот на 1:1 по регуларниот дел од натпреварот, по што се премина на изведување на пенали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следуваа дури десет серии пенали за да се добие победник. Наполи можеше порано да ја заврши задачата, но Давид Нерес не успеа да го искористи својот обид во петтата серија.

Потоа Милинковиќ-Савиќ го одбрани ударот на Лувумбу, а Буонджорно го постигна одлучувачкиот пенал за напредокот на Наполи.

Голманот на Наполи не се истакна само во одбраните, бидејќи во седмата серија и самиот шутираше од белата точка и постигна гол со неверојатно силен удар.

Заради тоа, италијанските медиуми го вклучија меѓу кандидатите за еден од најсилните удари од пенал досега видени, а во Србија пишуваат дека за тоа е заслужен покојниот Синиша Михајловиќ, со кого Милинковиќ-Савиќ некогаш вежбаше удари од пенал и слободни удари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп откри дали ќе стане новиот тренер на Реал Мадрид

Откако Чаби Алонсо доби отказ од клупата на Реал Мадрид, едно име постојано се спомнува во…