Дома Македонски спорт Мак фудбал Фаворитите сигурни – голеада во Битола и Тетово

Фаворитите сигурни – голеада во Битола и Тетово

Фаворитите остварија сигурни победи во 15-то коло од македонската Прва лига, кое беше исклучително ефикасно и на четири натпревари беа постигнати 20 гола.

Вардар почна да влегува во форма по слабите резултати во октомври со импресивна победа на гости кај Ренова (2:5), Пелистер и Академија Пандев одиграа неверојатен меч со седум гола, во кој гостите од Струмица на крајот си заминаа со три бода (3:4), Работнички го „торпедираше“ тимот на Победа со 4:0, додека Шкендија од гостувањето кај Силекс оствари рутинска победа од 2:0.

Поради дожд и неповолни временски услови натпреварот Скопје – Шкупи беше одложен.

Резултати:
Пелистер – Академија Пандев 3:4
Работнички – Победа 4:0
Ренова – Вардар 2:5
Силекс – Шкендија 0:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Осум поени за победнички крај: Ѓорческа ја елиминира третата носителка во Истанбул

Лина Ѓорческа ја совлада Берфу Ченгиз со 3:6, 7:6(1), 6:4 и ја прекина серијата од четири …