Дома Фудбал Само една екипа во Европа има повеќе натпревари без пораз од Вардар! (Фото)

Само една екипа во Европа има повеќе натпревари без пораз од Вардар! (Фото)

Екипата на Вардар продолжува да ја воодушевува домашната фудбалска јавност. По 15 одиграни кола, „црвено-црните“ не само што го држат врвот на табелата, туку се и единствениот тим кој сѐ уште не знае за пораз во шампионатот.

Со биланс од 12 победи и три ремија, Вардар се наоѓа чекор пред Струга, која со 12 триумфи, две нерешени средби и еден пораз останува на два бода заостанување зад лидерот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ваквата импресивна серија го сместува Вардар и меѓу најдобрите европски клубови според бројот на одиграни натпревари без пораз. Според актуелните податоци, избраниците на Гоце Седлоски се втори на континенталната листа – пред нив е само Славија Прага со 17 мечеви без пораз. Сепак, Чесите имаат шест ремија и 11 победи, па така Вардар е тимот со најмногу остварени триумфи меѓу клубовите што се на оваа престижна листа.

Зад Вардар се редат Фенербахче (9-5), Диферданџ (10-3), Баерн Минхен (11-1), Порто (11-1), Бенфика (8-4), Тре Фиори (8-3), Ла Фиорита (6-5) и Линколн (8-1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за организација на Европското првенство

Директорот на УЕФА за Европското првенство 2032 година Микеле Ува, е убеден дека Италија н…