
Поранешниот кошаркарски центар Елден Кемпбел, кој досегашните 15 сезони во НБА ги мина, од нив осум и пол години со Лос Анџелес Лејкерс, почина на 57-годишна возраст. Американските медиуми известуваат дека причината за смртта не е позната.
Кемпбел, висок 211 сантиметри, беше избран од Лејкерс во првиот круг на драфтот во 1990 година од универзитетот Клемсон. Во својата кариера, тој постигнуваше во просек 10.3 поени и 5.9 скокови по натпревар. Со Детроит Пистонс освои титула во 2004 година, триумфирајќи против Лејкерс.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Кемпбел беше познат по неговата привидно лесна игра и мирно однесување. Во сезоната 1996/97 со дресот на Лејкерс, заедно со Шакил О’Нил и Коби Брајант, имаше просечно 14.9 поени по натпревар. Најдобрите сезони ги имаше со Шарлот Хорнетс, каде оствари просек од 15.3 поени и 9.4 скокови.
По заминувањето од Клемсон, се предвидуваше дека ќе стане силен играч во НБА. Иако никогаш целосно не ги исполни тие очекувања, тој беше одличен дефанзивен играч и значајно учествуваше во напад.