
Два голмани на Манчестер Сити размислуваат за напуштање на клубот, а тоа би можело да се случи уште во јануари.
Проблемот лежи во недостатокот на минутажа. Очекуваа повеќе шанси за игра, но очигледно е дека Донарума е главниот избор за оваа сезона, поради што Џејмс Трефорд и Стефан Ортега го делат истото незадоволство.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Трефорд дојде од Барнли ова лето за 27 милиони фунти со надеж дека ќе има прилика за докажување. Тој има амбиции за учество на Светското првенство, но тоа изгледа ќе биде тешко остварливо ако продолжи да седи на клупата.
Ортега, пак, изгуби и позиција на втор голман и од таа причина е разочаран.
Со Манчестер Сити нема лесно да се раздели со двајцата голмани истовремено без замена, но реално е дека никој нема да се изненади ако барем еден од нив зимава го напушти “Етихад”.