
Сантос синоќа на својот терен го победи Спорт Ресифи со 3:0 во натпреварот од 36-то коло на бразилската Серија А, а во центарот на вниманието се најде Нејмар поради тоа што го изјави кога заврши натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сантос пред своите навивачи дојде до многу важна победа во борбата за опстанок и избега од зоната за испаѓање.
Овој тим на својот терен го угости најслабиот тим Спорт Ресифи и го победи со 3:0, а одличен натпревар одигра Нејмар.
Нејмар беше на теренот до 90-та минута и заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот, со оглед на тоа дека постигна гол и запиша асистенција.
Тој му донесе водство на Сантос во 25-та минута кога одлично постигна гол за 1:0, а запиша асистенција во втората половина од второто полувреме кога Жоао Шмидт го постави конечниот резултат 3:0 за домашниот тим.
Меѓутоа, Нејмар најмногу внимание предизвика по натпреварот кога одлучи да застане пред камерата и да го каже сето она што му “лежеше на душата”.
Имено, во последно време појавуваат се разни шпекулации дека тој игра со повреда на коленото и дека одбива да оди на операција, и дека користи алтернативни начини за да се обиде да го реши проблемот што го има, со што ја ризикува својата кариера.
Но, Нејмар одлучи да стави крај на тие разговори и порача дека тоа се само измислици и дека не му е јасно како некој може да зборува такви работи без никакви докази.
„Никогаш не би наштетил на својата кариера и тоа е сè што ќе кажам, сè друго се само шпекулации. Луѓето измислуваат многу работи што ме многу лутат. И јас сум само човек и никој не заслужува да чита за себе такви измислици. Мора да бидете многу внимателни затоа што тие работи му штетат на менталното здравје”, порача Нејмар.
🪄🇧🇷 HAY GOL DE NEYMAR EN SANTOS.
— Sudanalytics (@sudanalytics_) November 29, 2025
Recordemos que está jugando LESIONADO a pesar de las advertencias de los médicos. ‼️pic.twitter.com/4LamiWaezR