Дома Фудбал Репрезентациите се налутија, ќе ја тужат ФИФА поради Роналдо!

Репрезентациите се налутија, ќе ја тужат ФИФА поради Роналдо!

ФИФА можеби ќе се соочи со правни предизвици во наредните недели поради одлуката да го укине остатокот од суспензијата на Кристијано Роналдо, овозможувајќи му да игра во првите две натпревари на претстојното Светско првенство, како што пренесуваат странски медиуми./p>

Според информациите, репрезентациите кои ќе бидат извлечени во група со Португалија, разгледуваат можност за поднесување тужба на Судот за спортска арбитража (CAS) за да ја оспорат одлуката на Дисциплинската комисија на ФИФА. Секој сојуз кој би започнал постапка, би требало да докаже дека е директно оштетен и дека присуството на Роналдо значително ги намалува неговите шанси за излез од групата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Дисциплинската комисија на ФИФА претходно му изрече казна на Роналдо од три натпревари поради директен црвен картон за удар со рамо кон Ир Дару О’Ши во квалификационен натпревар во Даблин. Португалија тој натпревар го загуби, додека Роналдо ја започна казната против Ерменија, во дуел кој Португалија го доби со 9:1.

ФИФА потоа спроведе невообичаена постапка и ја суспендира извршноста на казната за преостанатите два натпревари, повикувајќи се на член 27 од дисциплинскиот правилник, кој овозможува целосно или делумно одлагање на дисциплинската мерка. Според соопштението на Светската фудбалска федерација, казната е ставена на едногодишен пробен рок, со напомена дека во случај на сличен прекршок казната автоматски ќе се активира.

Можни жалби од другите сојузи би требало да понудат валидни правни аргументи и да докажат дека одлуката на ФИФА била неправилна. Експертите посочуваат дека случајот би можел да има пошироко влијание, бидејќи и други репрезентации чии играчи не добиле олеснувања во дисциплинските постапки, можеби ќе ја следат оваа ситуација.

На претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, Роналдо треба да настапи по шести пат во својата кариера. За националниот тим досега одигра 226 натпревари и постигна 143 гола. Португалија како првопласирана се квалификуваше за турнирот, додека Ирска ја бараж во март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо го изненади светот со новата одлука – влегува во ММА

Кристијано Роналдо направи потег кој скоро никој не можеше да го предвиди. Стана акционер …