Дома Останати Ракомет EХФ верува во Македонците: Дербито на колото за Начевски и Николов!

EХФ верува во Македонците: Дербито на колото за Начевски и Николов!

Европската ракометна федерација ги објави назначувањата за 10. коло во Лигата на шампионите, а меѓу избраните повторно се најдоа македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Искусната судиска двојка на 4 декември ќе отпатува во Германија, каде што ќе го води дербито на колото меѓу актуелниот европски шампион Магдебург и унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.

Дуелот е закажан за 20:45 часот и ќе се игра во „Гетек Арена“, а Николов и Начевски повторно добиваат висока доверба од ЕХФ за уште еден натпревар од најелитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…