Дома Фудбал Симеоне го откри името на единствениот клуб кој би го тренирал ако го напушти Атлетико Мадрид

Симеоне го откри името на единствениот клуб кој би го тренирал ако го напушти Атлетико Мадрид

Аргентинскиот тренер Диего Симеоне веќе 14 години е на клупата на Атлетико Мадрид, но не е невозможно да се обиде на клупа на некој друг тим и откри кој великан единствено доаѓа предвид.

Симеоне во декември 2011 година го презеде Атлетико Мадрид и малкумина очекуваа дека Аргентинецот ќе се задржи толку долго на клупата на шпанскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој му донесе на Атлетико фантастични резултати на кои со децении се чекаше, а клубот одамна реши дека Симеоне може да остане на тренерската клупа додека самиот не одлучи да го напушти Мадрид.

Пред да дојде во Атлетико, овој 55-годишен експерт работеше во Аргентина каде што ги тренираше Расинг, Естудиантес, Ривер Плата и Сан Лоренцо, и многу кратко беше во Италија на клупата на Катанија, каде остана само пола година.

Но, кога Атлетико Мадрид тропна на неговата врата, дилема немаше и тогаш го раскина договорот со Расинг за да дојде во Шпанија, и се покажа дека направи одличен потег.

Симеоне има договор со Атлетико до летото 2027 година, и на стадионот Ванда Метрополитано сакаат да го продолжи договорот, но се чини дека Аргентинецот е желен за нов предизвик.

Тоа е миланскиот Интер, во кој Симеоне своевремено настапуваше како фудбалер, и не би имал ништо против да го води клубот од Џузепе Меаца еден ден.

“Можам да замислам дека еден ден ќе го водам Интер. Мислам дека тоа ќе се случи,” рече Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЈУНАЈТЕД НЕ ЖАЛИ ПАРИ: Ќе го рушат рекордот за потпис на големо засилување!

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри. Послед…