
Реал спасуваше бод против Елче во 12. коло од Ла Лига завршувајќи 2:2 во возбудлив дуел. Елче беше незадоволен од судијата Франсиско Хозе Ернандез поради одлуката да го признае спорниот гол на Реал, кој претходеше на прекршок над домашниот голман. Сега се дознава дека дури и ѕвездата на Реал, Килијан Мбапе, бил бесен на судијата.
По натпреварот, Мбапе протестираше кај судијата и заради тоа доби жолт картон. Според видео снимките на DAZN, судијата неколкупати му повтори: “Веќе ти објаснив”, но тоа не го смири францускиот напаѓач, кој трипати повтори: “Sale con va” додека се оддалечуваше од судијата.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Станува збор за израз на француски кој, според француските новинари, се преведува како “проклет идиот”.. Без оглед на варијациите, јасно е дека станува збор за навреда и очигледно непочитување.
По објавувањето на видеото, оваа вест брзо кружеше низ Франција. Во насловот на RMC Sport стои: “Мбапе го навреди судијата на натпреварот Елче – Реал”. “Мбапе го изгуби трпението и упати навреди кон судијата. Оваа грешка би можела скапо да го чини. Тој ги кажа зборовите на француски, што објаснува зошто судиите не ги разбраа неговите зборови”, се наведува понатаму во написот.
Истиот наратив го следи и Le Figaro: “Мбапе ги губи нервите поради судењето во Шпанија. Искажувајќи своето незадоволство, упати серија навреди кон судијата. На крајот од натпреварот, целосно го изгуби трпението. Поради фактот што навредите беа на француски, судиите не ги разбраа. Ова однесување би можело скапо да го чини поранешниот играч на ПСЖ. Дисциплинската комисија сè уште не го разгледала случајот.”