Дома Фудбал Спектакуларн гол со ножички на Кристијано Роналдо

Спектакуларн гол со ножички на Кристијано Роналдо

КРИСТИЈАНО Роналдо и на свои 41 година продолжува редовно да постигнува голови за Ал-Наср. Во новиот натпревар од првенството, неговиот тим успеа да го порази Ал-Халеј со 4:1, а Португалецот повторно ја затресе мрежата.

Ал-Наср поведе во 39. минута со погодокот на Жоао Феликс, а три минути подоцна Весли го зголеми водството. Гостите намалија на почетокот на вториот дел преку Ал Хавсави во 47. минута. Мане зголеми на 3:1 во 77. минута. Во шеста минута од судиското продолжение, Бушал центрираше од десната страна, Роналдо скокна во шеснаесетникот и со ножички погоди за конечни 4:1.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Овој потег многу наликува на оној славен гол против Јувентус во Лигата на шампионите во 2018 година. Видео од голот може да погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот голман на Партизан и шампион на Србија е тешко болен

Поранeшниот голман на Партизан Дарко Божовиќ води битка против тешка болест. На Дарко му е…