Дома Моторспорт Верстапен наредната сезона нема да може да го носи бројот „еден“: Сакав да изберам 69, но татко ми кажа дека тоа не е баш паметно

Верстапен наредната сезона нема да може да го носи бројот „еден“: Сакав да изберам 69, но татко ми кажа дека тоа не е баш паметно

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, следната сезона во Формула 1 ќе мора да го смени бројот на својот болид.

Само актуелните шампиони го носат бројот 1 на својот болид, а оваа година титулата ја освојуваат Ландо Норис или Оскар Пјастри. Тоа значи дека еден од овие двајца возачи на Мекларен ќе има можност да избере број 1 наместо 4 или 81.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Пред Големата награда во Лас Вегас која ќе се одржи во недела наутро во 5:00 часот по средноевропско време, новинарите го прашаа Верстапен кој број ќе го носи следната сезона.

Верстапен пристигна во Формула 1 во 2015 година и од тогаш до 2022 година го носеше бројот 33. Откако стана шампион во 2021, го користеше бројот 1, но сега откри дека нема да се врати на бројот 33.

“Мојот омилен број е 3, но кога дојдов во Формула 1, тој број веќе го користеше Даниел Рикардо. Другиот омилен број 27, исто така, беше зафатен и моментално го користи Нико Хулкенберг”, рече Верстапен и потоа додаде:

“Сакав следната сезона да го земам бројот 69, но татко ми ми забрани. Ми рече дека тоа не е баш паметна идеја. Меѓутоа, ми се допаѓа бројот од маркетиншки аспект, бидејќи како и да го свртиш, исто се чита. Тој е идеален за капи, моливи и слично”, објасни Верстапен, кој се надева дека ФИА и Формула 1 ќе му овозможат да го користи бројот 3 бидејќи според сегашните правила нема право на тоа.

Според правилата, бројот станува слободен откако ќе поминат две години од заминувањето на возачот од Формула 1. Претходниот сопственик на „тројката”, Рикардо, е надвор од Ф1 само 18 месеци, а во јануари ќе ги утврдуваат новите броеви на возачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Бизарна ситуација во Формула 1: Подигната шахта го прекина тренингот!

Ландо Норис го постигна најдоброто време на вториот тренинг пред Големата награда на Лас В…