Дома Фудбал Скандал во Италија: Отворено обвинени против газдата на Наполи!

Скандал во Италија: Отворено обвинени против газдата на Наполи!

Претседателот на Наполи, Антонио Де Лаурентис, е обвинет поради наводно погрешно книговодство при трансферот на Костас Манолас од Рома во 2019 година и можни злоупотреби поврзани со преминот на Виктор Осимен од Лил три години подоцна. Судскиот процес по ова прашање во Рим е закажан за 2 декември следната година.

Според извештаите на порталите поврзани со тековното италијанско првенство, државните обвинители Лоренцо Дел Џудиче и Џорџо Орано поднеле обвинение против првиот човек на Наполи за финансиските извештаи во периодот од 2019 до 2021 година. Поврзано со оваа вест, клубот од стадионот “Диего Армандо Марадона” издаде официјално соопштение.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во официјалното соопштение од тимот од Неапол изразуваат изненаденост поради тоа што судијата за предсудско сослушување поднел обвинение против Де Лаурентис, нагласувајќи дека сите извештаи покажале исправност на клубот во однос на финансиските извештаи за трансферите на играчите.

“Дури и обвинителството призна, во својот заклучок, дека Наполи не остварил никаква корист од спорните трансакции. Клубот спокојно го очекува судскиот процес, уверен во праведниот исход”, пишува во соопштението, споменувајќи дека обвинителите од Милано побарале прекин на постапката против Интер од истиот истражен досие.

Да се потсетиме, сето ова се случува во моменти на голема резултатска криза во редовите на италијанскиот шампион, која кулминираше минатиот викенд со поразот во Болоња, што предизвика остра реакција од тренерот Антонио Конте.

По ноемвриската репрезентативна пауза, Наполи го игра својот следен натпревар во сабота против Аталанта, која исто така се наоѓа во резултатска криза, заради што Паладино неодамна го замени Јуриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Жешкото дерби“ во Сингелиќ за Брегалница, прв пораз на Шкендија Арачиново! (Видео)

Во дербито од 13. коло во Втората македонска лига, одиграно денеска на теренот во Сингелиќ…