
Натпреварот помеѓу Косово и Швајцарија во Приштина беше обележан со свирежите насочени кон Гранит Џака, претставник на гостинската селекција, која по нерешениот резултат 1:1 си обезбеди директен пат на Мундијалот. Никој не го очекуваше ова, дури ни самиот Џака.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Громогласните свирежи на почетокот од натпреварот привлекоа внимание на сите, а на крајот на мечот Гранит Џака се судри дури со лидерот на навивачите на Косово, Лулзим Бериша. На крајот на натпреварот даде изјава за тоа колку е разочаран од сето ова.
– Овие свирежи болат. Тоа е последното што го очекував, особено овде, дома. Но, морам да го прифатам тоа. Вакви работи се случуваат во спортот, барем ја имам поддршката на навивачите на Швајцарија – рече скршениот Гранит Џака.