Дома Останати Тенис Алкарас: Не сум ниту блиску до Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Алкарас: Не сум ниту блиску до Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вели дека ќе мора да направи уште многу за да биде рамо до рамо со великаните на „белиот спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алкараз, иако има само 22 години, во кариерата освои шест трофеи од Гренд слем, вкупно 24 АТП титули.

Многумина веќе го споредуваат со членовите на „големата тројка“, но момчето од Мурсија останува на земја.

„Не, уште не сум ниту близу. Имаше неверојатни играчи, легенди. На врвот на листата се Роџер Федерер, Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ. Би сакал да седам на истата маса, тоа е вистина, тоа е мотивацијата што ја имам и што ми помага во кариерата, но уште не сум ниту близу“, рече Алкараз за „Мундо Депортиво“.

Алкараз сега во Торино ја напаѓа титулата на Завршниот турнир, а потоа сезоната ја завршува во Болоња, во Дејвис купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…