Дома Фудбал Роналдо целосно ги изгуби нервите во Даблин кога слушна што му скандираат навивачите на Ирска (Видео)

Роналдо целосно ги изгуби нервите во Даблин кога слушна што му скандираат навивачите на Ирска (Видео)

Португалија вчера доживеа неочекуван пораз на гостувањето во Ирска (2:0), а натпреварот го одбележа црвениот картон на Кристијано Роналдо и неверојатните сцени кои ги видовме додека го напушташе теренот.

Португалија влезе во натпреварот против Ирска како голем фаворит и се очекуваше Роналдо и екипата во Даблин да го обезбедат првото место и директен пласман на Светското првенство, но тоа не се случи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ирска направи големо изненадување и победи со 2:0, и остана во борба за пласман на ова големо натпреварување.

Португалците се моментално први со десет бода, следат Унгарците со осум, и Ирците кои имаат седум бода. Ерменија остана без шанси за бараж бидејќи е последна на табелата со три бода.

Ирците одиграа одличен натпревар пред своите навивачи, а јунак на домашниот тим беше Трој Парот кој во првото полувреме ги постигна двата гола.

Сепак, она што го обележа дуелот на стадионот Авива во Даблин го видовме во второто полувреме кога гостите останаа со еден играч помалку.

Во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо кој намерно со лакт удри еден играч на домашниот тим, а судијата откако го прегледа ВАР-снимката му даде директен црвен картон.

Роналдо беше шокиран од таа одлука, но мораше да го напушти теренот. Она што дополнително го налути беше реакцијата на навивачите на Ирска.

Ирците не го криеја своето воодушевување што Роналдо беше исклучен и додека тој го напушташе теренот му скандираа “Меси, Меси” и жестоко го исвиркаа, што капитенот на португалската репрезентација дополнително го налути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Србија удри по Пикси: Да беше Пауновиќ тука, немаше да изгубиме од Албанија!

Филип Костиќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Србија во натпреварот против Англ…