Дома Останати Тенис Во кариерата заработил 50 милиони евра, но сè уште живее со родителите

Во кариерата заработил 50 милиони евра, но сè уште живее со родителите

Карлос Алкараз е водечкиот тенисер во светот. Шпанецот е еден од предводниците на новата генерација која стапи на сцената по големата тројка – Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Во кариерата има остварено 276 победи и 64 порази, освоил 24 турнира, од кои шест се Гренд Слем, и заработил 50 милиони евра од наградните фондови.

Иако е богат, Алкараз и понатаму живее со своите родители. Во интервју за „Мундо Депортиво“, шпанскиот новинар го праша дали планира да се отсели. “Во овој момент не. Многу сум среќен дома со семејството. Вистина е дека мојот постар брат Алваро веќе се отсели. Со оглед на тоа дека многу ретко сум дома, кога ќе се вратам сакам да бидам со семејството. Мајка ми вели дека многу ѝ недостасувам и сака да бидам дома”, раскажа Алкараз.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не знам да готвам, а мајка ми е фантастична готвачка, никој не е подобар од неа. Убаво е да се вратиш дома, таму сум само Карлос, а не тенисер или светски број 1. Родителите во својот дом имаат правила, сакаат најдоброто за мене, и понатаму ми кажуваат да направам ова или она и да не се вратам доцна дома. Кога не направам тоа што требало, ми кажуваат,” додаде шпанскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На Синер му недостигаат четири пехари за да направи нешто што Надал и Федерер не успеаја

Само Новак Ѓоковиќ успеа еднаш да го направи она што Јаник Синер го направи оваа година: д…