Дома Останати Кошарка Голем удар за ЛА Клиперс, ѕвездата ја заврши сезоната.

Голем удар за ЛА Клиперс, ѕвездата ја заврши сезоната.

Бредли Бил (32), бек на Лос Анџелес Клиперс, нема да игра до крајот на сезоната поради скршеница на колкот, што го потврди неговиот агент за ESPN.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првата сезона на Бил со тимот од Лос Анџелес заврши по само шест одиграни натпревари.

Бил се повреди на 8 ноември во поразот од Феникс Санси со резултат 114:103, а поради повредата го пропушти следниот натпревар против Атланта Хокс.

Клубот првично го опиша проблемот како болки во колкот, но подеталните испитувања открија дека ситуацијата е многу посериозна. Тренерот на Клиперс, Ти Лу, изрази загриженост за повредата на Бил, што на крајот се покажа како оправдано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…