Дома Фудбал Италија Анчелоти е првата желба – преговорите веќе започнати

Анчелоти е првата желба – преговорите веќе започнати

Фудбалскиот сојуз на Италија веќе започнал преговори со Карло Анчелоти за преземање на кормилото од италијанската репрезнетација, пренесуваат тамошните медиуми.

Иако Вентура не си поднесе оставка после дебаклот и не успехот да се пласираат на СП, сепак јасно е дека во наредните денови ќе му биде врачен отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што наведуваат италијанските медими првата желба на Федерацијата е Карло Анчелоти и наводно веќе се започнати преговори со искусниот стратег.

Анчелоти е без ангажман од септември кога го напушти кормилото на Баерн Минхен, а новодно во среда ќе има средба со челниците на Федерацијата.

Покрај Анчелоти на листата желби се уште Роберто Манчини, Клаудио Раниери и селекторот на младинците Ди Биџо.

Новиот селектор би требало да дебитира за италијанската репрезентација во март наредната година во пријателски натпревари против Аргентина и Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…