Дома Фудбал Ова е лудо: Клуб за натпревар од францускиот куп ќе патува ресчиси 24 часа и ќе прелета 36.000 километри!

Ова е лудо: Клуб за натпревар од францускиот куп ќе патува ресчиси 24 часа и ќе прелета 36.000 километри!

Во петок започнува седмата рунда од Францускиот фудбалски куп со учество на 128 екипи, а еден од тимовите веќе вчера вечер тргна на своето гостување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причината за ова е оддалеченоста што треба да ја поминат. Имено, Мулуз, клуб од француската петта лига, се упати на патување кон Нова Каледонија, надминувајќи растојание од 17.000 километри за да игра против АС Магента, а вкупно со авион ќе помине повеќе од 24 часа.

Францускиот куп се игра низ четири континенти, со оглед на тоа што Франција има бројни прекуокеански територии. Така, во овој турнир учествуваат клубови од Океанија (Нова Каледонија и Француска Полинезија), Африка (Реунион и Мајот), како и Средна и Јужна Америка (Француска Гвајана, Гвадалупе, Мартиник, Свети Мартин, Свети Бартоломеј, Свети Пјер и Микелон).

Освен Магента во седмата рунда ќе играат уште два клуба од други континенти против тимови од Франција. Тоа се Бадерле од Мајот кој патува кај францускиот нисколигаш Монтреул додека францускиот Кармокс ќе го пречека Пирае од Таити.

Со оглед на високите трошоци за пониските лиги, патувањето на Мулуз е целосно финансирано од Француската фудбалска федерација.

Инаку, досега ниту еден тим од другите континенти не успеал да стигне подалеку од осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез донесе најголема одлука во последните 10 години – заврши приказната со Мбапе

Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид иако многу навивачи на кралскиот клуб сакаат …