Дома Фудбал Oбјасни што значеше „наскоро“: Роналдо откри кога ќе се пензионира!

Oбјасни што значеше „наскоро“: Роналдо откри кога ќе се пензионира!

Кристијано Роналдо откри дека ќе се повлече од фудбалот за година или две и посочи дека следното Светско првенство ќе биде последниот натпревар во неговата кариера.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Говорејќи на туристичкиот форум во Ријад, Роналдо изјави дека ужива во моментот.

“Како што знаете, во фудбалот, кога ќе достигнете одредени години, месеците брзо минуваат. Се чувствувам одлично во овој период. Постигнувам голови, се чувствувам брзо и остро. Уживам во мојата игра во репрезентацијата. Под „наскоро’ подразбирам веројатно една или две години”, рече тој.

На прашањето дали Светското првенство 2026 ќе му биде последно, петкратниот добитник на Златната топка одговори: “Да, дефинитивно. Ќе имам 41 година и мислам дека тоа ќе биде вистинскиот момент.”

Да потсетиме, во својата неверојатна кариера досега, Роналдо има постигнато 953 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …