Дома Фудбал Шешко ги скара легендите на Јунајтед, Аморим го откри главниот проблем на Словенецот

Шешко ги скара легендите на Јунајтед, Аморим го откри главниот проблем на Словенецот

Формата на скапо платениот голгетер на Манчестер Јунајтед, Бенјамин Шешко, стана сериозна тема на полемика меѓу поранешните асови на англискиот великан, кои имаат различни мислења за тоа дали Словенецот е достоен за дресот на клубот од „Олд Трафорд“.

Овие зборови дојдоа до поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, кој се согласува со поранешниот капитен на Јунајтед дека Шешко заслужува критика, но таа би требало да биде од поконструктивна природа за да му се даде ветар во грб на Словенецот да биде што подобар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Секој може да критикува на социјалните мрежи или на телевизија. Не е важно колку се сметате за извонредна личност. Честите критики можат да ве повредат. Тоа може да влијае на вашата игра, расположение и самодоверба, бидејќи сите сме луѓе. Лесно е да се критикува, но треба да се стремиме кон конструктивна критика, која ќе ве натера да размислувате и да кажете дека оној кој ги изнесува е во право“, рече поранешниот бугарски фудбалер.

Не сакаше Бербатов многу да му противречи на Невил, имајќи предвид што сè поранешниот англиски фудбалер направи во дресот на Јунајтед, истакнувајќи дека сепак би требало критиката да се насочи на позитивен начин за да Шешко биде подобар во текот на сезоната.

„Шешко навистина имаше слаб почеток, но се надеваме дека ќе донесе голови и ќе докаже зошто Јунајтед го плати толку многу”, забележа поранешниот фудбалер на Тотенхем и Баер Леверкузен.

Бербатов го гледа потенцијалот во Словенецот, но го повикува да има што подобра координација со соиграчите и дека сè ќе оди подобро кога Бенјамин ќе обрне внимание на деталите кои ќе му помогнат во играта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал јавно призна зошто не може да има девојка и сите ги изненади со одговорот

Ѕвездата на Барселона Ламин Јамал откри на YouTube зошто не може да има девојка. Причината…