Дома Фудбал „Ако на Дарвин не му одговара Саудиска Арабија, би можел да се пресели во Челси“

„Ако на Дарвин не му одговара Саудиска Арабија, би можел да се пресели во Челси“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега на Ал Хилал, Дарвин Нуњез, повторно го посакуваат во Премиер лигата. 

Всушност, го посакува поранешниот фудбалер на Челси, легендарниот француски дефанзивец, Марсел Десаи, кој шест години играше на „Бриџот“. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“За мене, Нуњез е совршен”, рече Марсел Десаи. 

„Млад е, немаше среќа со Ливерпул, но ако го довеле во Ливерпул, значи дека има потенцијал”, рече тој. 

„Кај Мареска е добар систем и Дарвин би се вклопил со самодоверба. Би бил од голема помош за Челси. Не е ни премногу скап, ова е мое мислење. Навистина би сакал да го видам во тимот. Ако Саудиска Арабија не му одговара, би можел да се врати во Премиер лигата”, рече Десаи. 

Дарвин Нуњез пристигна во Ливерпул уште во 2022 година, беше платен 64 милиони фунти, но не го покажа она што се очекуваше од него. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ужас на влезот на Мостар: Маскирани навивачи извршија брутален напад и го запалија автомобилот (Видео)

Во вторникот наутро се случи тежок инцидент на магистралниот пат М-17, на влезот во Мостар…