Дома Фудбал Извлечен ждребот за заврршниот Мастер: Ѓоковиќ и Алкараз во иста група!

Извлечен ждребот за заврршниот Мастер: Ѓоковиќ и Алкараз во иста група!

Карлос Алкараз ќе се соочи со голем предизвик на АТП Финалето 2025 година во Торино, во својата потрага по првата титула на завршниот турнир во кариерата.

Ждрепката денес го постави шпанскиот тенисер во групата „Џими Конорс“, каде ќе игра против седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ, минатогодишниот финалист Тејлор Фриц и австралискиот тенисер, седмиот носител Алекс де Минаур.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во втората група, именувана по Бјорн Борг, се наоѓа актуелниот шампион Јаник Синер.

Противници на Синер во оваа група ќе бидат двократниот освојувач на завршниот турнир Александер Зверев, Американецот дебитант Бен Шелтон, и осмиот носител, кој ќе биде или Феликс Оже-Алиасим или Лоренцо Мусети, во зависност од резултатите на турнирот во Атина.

Имено, Музети мора да освои титула во Атина за да го прескокне канаѓабецот Оже-Алиасим и да обезбеди осмото, последно место во Торино.

Група Џими Конорс:

Карлос Алкараз

Новак Ѓоковиќ

Тејлор Фриц

Алекс де Минаур

Група Бјорн Борг:

Јаник Синер

Александер Зверев

Бен Шелтон

Феликс Оже-Алиасим / Лоренцо Мусети

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…