Дома Фудбал Останато Меси и Роналдо разговарале и си честитиле – Познат освојувачот на Златната топка!?

Меси и Роналдо разговарале и си честитиле – Познат освојувачот на Златната топка!?

Изгледа дека е се познато иако се појавија спротивни информации…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овие денови се појавија информации дека Лионел Меси поради фантастичната есен би можел изненадувачки да стигне до „Златната топка“, дури на интернет се појави и слика со насловната страна на „Франс Фудбал“ со Меси како освојувач на ова престижно признание.

Сепак, „Дон Балон“ пренесува дека е се познато и дека Меси ја искористил приликата да му го честита Роналдо четвртото дете, но и новото признание за најдобар фудбалер во светот.

Имено, ќе одлучи трофејот во Лигата на шампионите, ако навистина се гледа овој параметар се е на страната на Португалецот. Да потсетиме Роналдо во нокаут фазата одигра фантастично и беше најзаслужен што Реал Мадрид стигна до одбрана на титулата.

Според пишувањето на шпанскиот медиум, Роналдо му се заблагодарил на Меси, но и изразил очекувања дека Аргентинецот наредната сезона ќе стигне до трофејот. Реално и шансите на Аргентина на Мундијалот кој сигурно ќе има големо влијание во освојувањето на престижното признание се поголеми, иако Португалците беа отпишани и на Европското првенство во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …