Дома Останати Кошарка Адетокунбо за НБА Европа: Да видиме кој е навистина најдобар на светот (Видео)

Адетокунбо за НБА Европа: Да видиме кој е навистина најдобар на светот (Видео)

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо, изјави дека со задоволство би ја поддржал идејата во иднина да се одигра натпревар помеѓу шампионот на НБА и шампионот на Евролигата.

По поразот на Милвоки од Торонто Репторс, грчкиот ас разговараше со новинарот од медиумот „Мундо Депортиво“ за можноста за ваков дуел, потсетувајќи на познатиот предизвик што во 2024 година го упати турскиот тренер Ергин Атаман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Немам поим што се случува моментално, не следам многу. Но, ако двете лиги можат да коегзистираат, зошто да не,” изјави 30-годишниот Адетокунбо на прашањето за проектот НБА Европа.

„Би било тешко тимови од САД да играат против тимови од Европа, но може да функционира како два паралелни системи, со сличен распоред. Можеби најдобриот тим од Европа и најдобриот тим од Америка можат да одиграат натпревар за време на летото, да видиме кој е навистина најдобар на светот”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем трејд во НБА лигата, Порзингис заврши кај Кари!

Последните денови пред крајот на преодниот период во НБА секогаш носат драматични трансфер…